Словачкиот претседател Петер Пелегрини изјави денеска дека мирот во Украина е можен само на сметка на територијалните загуби на Украина.
Според него, секој што тврди дека работите ќе бидат поинакви е „голем оптимист, а не реалист“.
Никогаш не би се согласиле да испратиме војници на словачката армија како дел од НАТО да се борат на украинскиот фронт со Руската Федерација. Нема шанси. „Никогаш нема ни да се согласиме да испратиме војници на НАТО во Украина за да се приклучат на војната“, рекол Пелегрини, пренесува словачкиот портал „Денник“.
Пелегрини посочи дека и сојузниците во Европа зборуваат „многу претпазливо“ на оваа тема и дека во ниту една земја „нема ентузијазам“ за такво решение, пренесува Танјуг.