Пекевски им додели парични награди на најдобрите ученици Роми

79

Во чест на Светскиот ден на Ромите, 8 април, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска во својот кабинет прими ученици од основното и средното образование, со кои заедно го поставија ромското знаме, на јарболот пред зградата на Општина Берово.

Преку програмата за образование, на најдобрите ученици Роми, од основното и од средното образование, оваа година, Општина Берово им додели парични награди на: Сезен Демировска – за најдобар ученик од Ромска националност, од основното образование и Хадиса Демирова – за најдобар ученик од ромска националност од средното образование.

– Континуирано вложуваме средства за реализација на проекти, од комунална и патна инфраструктура, подобрување на социјално економската положба, олеснување на образовниот процес, урбанизација, легализација, домување, водовод и канализација, при што овозможуваме елиминација на разликите и го подобруваме животот на Ромите во Берово. Водени од големата европска идеја „Обединети во различностите” и понатаму продолжуваме во надминување на проблемите и постигнување на целта, едно општество за сите и сплотени ги остваруваме приоритетите на ромската заедница – истакна Пекевски.

ИЗДВОЕНИ