На почетокот на неговиот втор мандат како претседател на САД, Доналд Трамп навистина не ги освои симпатиите на Данците, особено поради неговите отворени коментари дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е автономна територија на Данска.
Наводно, републиканецот имал ладен телефонски разговор со данската премиерка Мете Фредериксен, а еден дански пратеник во Европскиот парламент дури му рекол „да си оди“.
Друг начин на кој Данците го изразија своето незадоволство од Трамп е преку колачи, пренесува The London Economic.
Сликата споделена на форумот Редит покажува колачиња „Доналд Трамп – Mорон“ кои се продаваат во данска пекара. Корисникот PrincessRad, кој ја објави сликата, ја објасни шегата зад идејата.
„Ова е игра на зборови базирана на данската „Kваје каге“. Тоа е колач што наликува на зелената крастава жаба од данската детска емисија. Во исто време, зборот „Квај“ се користи за некој што направил/рекол нешто навистина глупаво. Кога правите/велите глупост, во Данска, се извинувате со тоа што подаруваш „Квајебаер“ – односно „глупави“ пива како гест на извинување за направената глупост“.
Оваа шега има многу нивоа, но главното е што ја исмева глупоста на Трамп што мисли дека може да го купи Гренланд.
Многумина изразија одушевување за овие портокалови слатки, а еден од коментарите гласеше:
„Данска треба да му испрати кутија од овие колачи на Трамп“.
Bakery in Denmark starts selling bright orange Donald Trump ‘moron’ cakes https://t.co/naKmUv1rQi
Trump is a sick man . A new Hitler 2025
— Henriette Lange (@lange_henriette) January 28, 2025