Пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена: 201 час без храна и нема да застане тука/ФОТО

394

Пејачот Владо Георгиев ги шокираше своите следбеници на мрежата „Икс“ со објавата дека одлучил да се придржува до најстрогиот пост – целосно без внес на храна, за да го активира процесот на автофагија.

Георгиев пред девет дена откри дека започнува предизвик да се воздржува од храна на подолг временски период.

– Повторно гладување и автофагија, нема храна за следниот период, ќе видиме до кога. Се надевам на што подолго, но и 100 часа се веќе голема работа за телото – напиша Георгиев.

Во меѓувреме, пејачот редовно ги известува следбениците за својот напредок, а денес сподели дека успешно влегол во 201-от час без храна или повеќе од осум дена целосен пост. Неговата следна цел, вели, е 216 часа.

– Засега чувствувам феноменален, неверојатен баланс без никакво чувство на глад. Ова од срце им го препорачувам на сите кои имаат сила за одлука“, напиша Георгиев на платформата „Икс“.

Тоа е диета позната како автофагија, процес во кој телото ги користи сопствените ресурси за енергија за време на продолжениот пост, елиминирајќи ги токсините и топењето на масните наслаги.

За време на оваа диета е забрането внесување било каква храна, но дозволено е консумирање вода, чаеви и природни сокови без калории. За да се активира процесот на автофагија, неопходно е да не се консумираат калории најмалку 12 до 16 часа.

Георгиев очигледно ја надмина оваа граница, а неговите обожаватели внимателно следат како ќе продолжи неговиот експеримент.

ИЗДВОЕНИ