Се презаситија!
Градестата пејачка Милица Јокиќ не е веќе во љубовна врска со Лука Дачиќ, синот на српскиот политичар и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Двајцата се согласуваат дека, по три години, им е доста бидејќи се презаситиле еден од друг.
– Тоа е како да јадете војнички грав секој ден. Треба промена, некоја нова љубов. Ние не се расправавме, туку само си здодеавме еден на друг. Ќе останеме добри пријатели – велат Лука и Милица.
Милица, несудената снаа на Ивица Дачиќ, е искрена:
– Лука е пристојно момче и секогаш ме почитуваше како пејачка. Но, три години се премногу за некоја врска. Или раскинувате или влегувате во брак, трето не постои. Ние, по долгото размислување, сепак, одлучивме да раскинеме. Има време за брак и за мене и за него. Д.М.