Педесетгодишник се заканувал дека ќе објави компромитирачко видео со 15-годишната девојка – случајот го пријавил таткото

88

Татко пријавил во полицијата дека неговата малолетна ќерка била во врска со 50-годишник кој ја уценувал со компромитирачко видео.

– На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос. Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ