Во текот на минатата недела, поточно во вторникот на 11 февруари, вработени во Зоолошката градина, при редовна утринска контрола во живеалиштето на берберските овци, пронашле пцовисани животни. Од Зоолошката велат дека животните немале видливи знаци на повреди, ниту, пак, претходно покажале знаци на болест.

– Веднаш беа повикани инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на самото место и почнаа постапка за обдукција на умрените единки. Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и кога ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата. Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata), кое може да биде отровно за животните – информираа од ЗОО Скопје.

Нагласуваат дека Зоолошката редовно и транспарентно известува за сите случувања, а доколку се случи немил настан, веднаш ги известуваат сите надлежни институции со цел брзо постапување и откривање на причините.

ИЗДВОЕНИ