Пазарот пред колапс? Предупредување од Вол Стрит: „Ова е замка, доаѓа Армагедон“!

482

Еден од најуспешните инвеститори на Волстрит издаде остро предупредување, сугерирајќи дека неодамнешниот пад на акциите поттикнат од царините на Доналд Трамп е само увертира за многу подрастичен пад на пазарот.

Марк Шпицнагел, главен инвестициски директор и основач на Universa Investments, предвидува потенцијален пад од дури 80%. Шпицнагел, чиј хеџ-фонд Universa Investments од 16 милијарди долари е специјализиран за ублажување на ризиците од таканаречените „црни лебеди“ – непредвидливи настани со огромно влијание на пазарот – изјави за MarketWatch дека „од зад аголот демне пад од 80 проценти“.

– Очекувам пад од 80 проценти кога сето ова ќе заврши. Само мислам дека не е сега. Ова е замка“, рече тој, додавајќи дека инвеститорите ќе знаат кога ќе се случи вистински крах.

Universa е позната по тоа што генерира огромни приноси за време на турбуленции на пазарот, како што се неверојатни 4.144% во првиот квартал од 2020 година, обележан со пандемијата на КОВИД-19.

Шпицнагел смета дека сегашната распродажба на акциите не е само начин да „се истресат“ несигурните вложувачи. Армагедонот ќе дојде тоа време кога меурот ќе пукне“, нагласи тој, пренесува Дејли Мејл.

ИЗДВОЕНИ