Пазарот на криптовалути се врати на раст, а вредноста на биткоинот денеска во 15:15 часот скокна за два отсто на 91.620,47 евра на најголемата берза за криптовалути во светот, Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 57,81 милијарди евра, нешто помалку од четвртокот.
Индексот на страв и алчност за Биткоин денес изнесува 50 во категоријата „неутрални“, што покажува дека расположението на инвеститорите значително се влоши во споредба со четвртокот кога беше на 69.