Пазар за половни работи во Железара, на 22 март

38

„Creative Studio Combo“, на 22 март 2025 година, организира „бувљак“ во дворот на Комбо, во населбата Железара, со почеток во 10:00 часот.

Организаторите ги повикуваат сите оние што имаат работи што постојано ги преместуваат, но никогаш не ги користат, потоа облека што, како што велат, „моли“ да ја носиш, но е заборавена и едноставно зафаќа простор, распар чаши што не виделе пијалак со години, стари цедеа со музика или, пак, столче што се крие во шпајзот, да ги донесат на 22 март и на изнајмен штанд да ги продадат на друг, односно да им најдат друг дом на своите стари предмети.

Притоа, организаторите напоменуваат дека изложените работи треба да бидат чисти (облеката испрана, предметите пребришани).

Учесниците треба да пристигнат најдоцна до 9:00 часот за да успеат да се наместат пред да почне настанот, а учеството треба задолжително да се пријави.

 

ИЗДВОЕНИ