Патниците на летот на „Делта ерлајнс“, кој требаше да полета од меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта, беа евакуирани преку тобоган за итни случаеви откако полетувањето беше прекинато поради проблеми со моторот.
Како што пишува Fox news, инцидентот се случил утрово, а четворица патници пријавиле полесни повреди, соопштија од аеродромот.
Компанијата објави дека на летот имало 201 патник, двајца пилоти и пет стјуардеси.
„Екипажот на летот ги следеше процедурите и го прекина полетувањето откако се појави проблем со моторот“, соопшти компанијата, додавајќи дека безбедноста на патниците и екипажот е најважна.