Патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од Тетово вчера излетало надвор од коловозот на обиколницата на град Скопје во близина на клучката Орман, а возачот починал на местото на настанот.
Како што информира МВР, случајот вчера околу 7:40 часот бил пријавен во СВР Скопје.
Смртта на возачот ја констатирал лекар од итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
ИЗДВОЕНИ
„Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“, порачаа родителите за загинатите во Кочани
Најголемото чудо на христијанството се појави на Велика сабота: Благодатниот оган слезе во Ерусалим
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за вчерашната трагедија на патот Кичево-Гостивар
„Задоцнета реакција“, протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани