Фановите на Новак Ѓоковиќ имаат можност да поседуваат одлично парче сувенири. Имено, на аукција беа ставени патиките на „Asics“ направени во чест на Ѓоковиќ  по повод соборувањето на рекордот на Роже Федерер од 310 недели на првото место на АТП листата.

Патиките се огласени на веб-страницата на аукциската куќа „Катавики“, а почетната цена за овој предмет со наслов „311 недела бр.1“ е 1.500 евра. Експертите на аукциската куќа проценуваат дека патиките ќе достигнат цена од 5.000 до 15.000 евра.

“Оваа аукција им нуди можност на спортските љубители да купат автентично парче историја. Овој пар патики никогаш не биле облечени, тоа не е само сувенир, туку неверојатен остаток од историјата. На овој начин сакаме да ја прославиме годишнината од еден од рекордите на легендарниот Ѓоковиќ”, изјави Ана Марија Кровиг, поранешна белосипедистка, а сега експерт за спорт во „Катавики.“

Во светот постојат само три пара од овие патики, кои претходно ги продаваше производителот „Asics“, а Ѓоковиќ ги потпиша сите три. Едниот е во сопственост на Ѓоковиќ, а од останатите два, еден пар сега е ставен на јавно наддавање.

Патиките се нови, никогаш не се носени, се чуваат во посебна кутија и немаат конкретен број бидејќи се направени по мерка за да одговараат на стапалото на Ѓоковиќ.

Повод за продажбата е четиригодишнината од рекордот на Ѓоковиќ, кој го собори на 8 март 2021 година, а лицитацијата трае до 11 март.

Ѓоковиќ неделава ќе настапи на мастерс турнирот во Индијан Велс. Ждрепката на овој турнир не му оди во прилог, кој како шести носител ќе биде слободен во првото коло, а во второто ќе се сретне со Ник Кирјос. Најтешкиот ривал ќе го има во четвртфиналето, каде што ќе се соочи со Карлос Алкараз. Тејлор Фриц е потенцијален полуфинален противник, а на другата страна од ждрепката се Зверев и Медведев, што значи дека би играл со еден од нив во финалето.

 

ИЗДВОЕНИ