Кошаркарите на Партизан го совладаа Асвел со 93:62, во Лион, во рамките на 21. коло од Евролигата и сега имаат скор од 10 победи и 11 порази.

Со оваа победа, „црно-белите“ се наоѓаат близу до местата што водат во плејинот, но им претстои уште многу тешка задача да завршат меѓу 10-те најдобри. Покрај тоа што постигнаа многу важна победа, четврта победа на гости оваа сезона, за Партизан е важно и што победи поубедливо отколку што славеа Французите во Белград, што може да биде многу важно, бидејќи и тие се борат за плејинот.

Со убедливата победа од 31 поен, кошаркарите на Партизан испишаа нови страници во клупската историја и го соборија клупскиот рекорд во Евролигата кога се гостувањата во прашање.

ИЗДВОЕНИ