Утре почнува новата сезона во Евролигата, а тимот на Партизан се соочува со проблеми уште на самиот почеток. Имено, од тимот си замина Американецот Двејн Вашингтон, кој веќе отпатува во САД. Тој е дел од размена во НБА и заврши во Шарлот хорнетс, со кој ќе потпише договор. Со тоа, ќе им донесе на „црно-белите“ околу милион долари.
Последните информации велат дека Вашингтон ќе биде надвор од Белград околу 10 дена, што значи дека нема да игра на денешниот меч, на отворањето на новата сезона во Евролигата. Исто така, ќе ги пропушти и второто коло од АБА-лигата и натпреварот со Цибона в недела, како и гостувањето кај Реал Мадрид, следниот четврток.
Според некои српски медиуми, Вашингтон ќе му се приклучи на Партизан на 12 октомври, за мечот со Студентски центар во Подгорица.