Кошаркарите на Партизан забележаа нов триумф на гости во Евролигата. По Лион, избраниците на Жељко Обрадовиќ славеа и во Милано против Армани со 90:70, победи против директните конкуренти за пласман во плејофот.
Најзаслужни за овој триумф на Партизан беа Стерлинг Браун со 26 поени, Карлик Џонс постигна 24 со девет асистенции, а Тајрик Џонс постигна 22 поени. На спротивната страна најефикасни беа Никола Миротиќ и Шевон Шилдс со по 16 поени.
Партизан сега има скор 11-11, а „црно-белите“ ќе имаат можност да ја продолжат победничката серија за шест дена кога им гостива тимот на Париз, предводен од македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.
Резултати: Асвел – Алба Берлин 96:89, Париз – Макаби ТА 96:83, Реал (М) – Олимпијакос 86:96.