Во Ирска утринава се отворени избирачките места за парламентарните избори.
Резултатите се очекува да бидат блиски бидејќи трите главни партии беа речиси изедначени на анкетите пред изборите.
Тесна разлика има во предвидувањата за двете централно-десничарски партии во коалицијата во заминување, Фајн Гаел и Фиана Фаил, како и опозицискиот Шин Фејн.
Изборната кампања ја одбележаа економските теми, станбените прашања и кризата поради зголемените трошоци за живот.
Гласачите денеска ќе гласаат за 174 пратеници на Долниот дом на парламентот на оваа земја од Европската унија со 5,4 милиони жители.
Првите прогнози се очекуваат денеска по затворањето на гласачките места. Пребројувањето на гласовите ќе започне утре, но може да потрае неколку дена поради сложениот изборен систем во Ирска.
Се очекува потоа да почнат разговорите за формирање коалиција, бидејќи е малку веројатно дека една партија ќе добие доволно гласови за да владее сама.