Еден дел од британските медиуми ја пласираа информацијата дека лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обиде во текот на летниот преоден рок да ги осигури услугите на капитенот на италијанскиот калчогигант Интер, Лаутаро Мартинез. Освен парична понуда, лондонските „сини“ се подготвени во обратна насока да ги испратат Беноит Бадијашил, Карни Чукуемека и Микхаило Мудрик.