Парче од свадбената торта на Елизабета Втора продадено за 2.200 фунти/ВИДЕО

59
screenshot Youtube

„Многу ретко“ парче торта што беше послужено на свадбата на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип е продадено на аукција за 2.200 фунти (околу 2.625 евра).

Овошната торта била пронајдена под креветот во куфер 72 години откако оригиналната торта од 2,7 метри била послужена на 2.000 гости. Принцезата Елизабета потоа и го даде на Марион Полсон, која работеше како домаќинка во Палатата Холирудхаус во Единбург помеѓу 1931 и 1969 година.

„Ова е убаво мало откритие, мала временска капсула“, рече Џејмс Гринтер од аукциската куќа Риман Денси.

Парчето торта се очекуваше да се продаде за 500 фунти, но купувачот од Кина издвоил 2.200 фунти. На лицитацијата учествувал телефонски.

Полсон доби парче торта како благодарност откако на младенците им купи убав сервис за десерти. Го чувала до нејзината смрт во осумдесетите, по што била заборавена во куфер под креветот заедно со некои нејзини други работи. Парчето торта сè уште се наоѓа во неговата оригинална кутија за презентација, а беше придружено со писмо од кралицата напишано во ноември 1947 година.

 

„Мојот сопруг и јас сме длабоко трогнати кога дознавме дека ни подаривте толку прекрасен свадбен подарок. И двајцата сме маѓепсани од сервисот за десерт, различните цвеќиња и прекрасните бои. Знам дека ќе им се восхитуваат сите што ќе го видат. Величествено“, се наведува во писмото.

ИЗДВОЕНИ