Украинскиот параолимпиец, пливачот Роман Бондаренко, ја прифати тригодишната суспензија што му ја изрече Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ) откако неговиот примерок од урина беше позитивен на забранети супстанции.
ИПЦ во четвртокот објави дека траги од метамфетамин и амфетамин биле пронајдени во примерокот земен за време на финалето на 200 метри слободно (категорија S2) на Параолимписките игри во Париз минатото лето.
Овие супстанции спаѓаат во класата S6A, според списокот на забранети супстанции на Светската антидопинг агенција (ВАДА). Иако суспензијата повлекува одземање на сите медали, бодови и награди кои Бондаренко ги освои на последното издание на Параолимписките игри, факт е дека тој не успеа да освои ниту еден медал на изминатите три параолимписки натпреварувања на кои учествуваше – во Рио 2016 година, Токио 2021 година, како и во Париз 2024 година.
Привремената суспензија на Бондаренко започна да тече на 6 септември 2024 година и ќе трае до 5 септември 2027 година.