Претходните денови над северот на Скандинавија се движеше многу силен циклон, кој донесе многу обилни снежни врнежи и бурни ветрови во Скандинавија, но и продор на поларен воздух од север.
Невреме го зафати и североисточниот дел на Европа, пред се северот на Русија и Финска, пишува Телеграф.
🔴 #Hameenlinna #Finland 01.11.2024#snow #winter #breaking pic.twitter.com/oZWud4rn8G
— EUROPE.STORM (@worldstormm) November 1, 2024
Беа забележани бурни ветрови, а на северот на Русија и Финска температурата се спушти под -15 степени. Финска беше најтешко погодена од циклонот. На југот и на западот од земјата врнеше дожд, а на северот многу обилен снег.
Во Финска се забележани силни налети на ветер, а на југозапад се забележани ветрови слични на урагани и до 120 километри на час.
Циклонот вчера се префрли низ источна Европа, а невремето го зафати и европскиот дел на Русија. Врнеше многу силен снег, со силен ветер од 80 километри на час.
Бурните ветрови, дождот и снегот не ги заобиколија североисточниот и источниот дел на Украина, а забележани се удари на ветер и до 100 километри на час.
Снежното невреме и снежната бура не ја заобиколија ниту Москва, а целиот град е под снег.
Moscow was covered in snow overnight pic.twitter.com/KnFecRJOYK
— senore_amore (@SenoreAmore) November 4, 2024
Централните и јужните региони на Русија вчера беа на удар на снежното невреме, кое во наредните денови ќе се придвижи поисточно, односно низ Сибир.
Инаку, благодарение на силниот антициклон и високиот воздушен притисок над северозападна и централна Европа, овој силен циклон со снег се движеше по источната периферија на антициклонот, односно над североисточна и источна Европа, а заедно со него и многу студена воздушна маса од поларните региони.
Низ цела Русија температурите се спуштија од -5 до 0 Целзиусови степени.
Istovremeno, toplija vazdušna masa sa Atlantika dospjela je do Skandinavije, uz otopljenje.