Папата за прв пат во историјата отвори Света врата во затвор

89
EPA-EFE/ALBERTO PIZZOLI

Папата Франциск денеска посети еден од најголемите затворски комплекси во Италија, отворајќи специјална Света врата за католичката Света 2025 година, што е прв ваков потег на католички папа, објави Ватикан.

Зборувајќи со стотици затвореници, чувари и персонал во затворот Ребибиа на периферијата на Рим, папата Франциско рече дека сака да ја отвори вратата, која е дел од капелата на затворот и една од само петте што ќе бидат отворени за време на Светата година, за да покаже дека „надежта не разочарува“.

„Во лоши моменти можеме да мислиме дека се е готово“, рече папата. „Не губете надеж. Ова е пораката што сакав да ви ја дадам. Не губете надеж“.

Папата Франциск во вторник ја отвори католичката света година, позната и како Јубилеј. Католичкиот јубилеј се смета за време на мир и прошка. Овој јубилеј посветен на темата надеж ќе трае до 6 јануари 2026 година.

ИЗДВОЕНИ