Папата за прв пат се појави во јавноста по излегувањето од болница

23
EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Папата Франциск денеска го имаше своето прво јавно појавување откако беше отпуштен од болница пред две недели по лекувањето од билатерална пневмонија, пристигнувајќи на плоштадот Свети Петар во Ватикан во инвалидска количка за да ги поздрави толпата.

По петнеделно лекување во римската болница Гемели за билатерална пневмонија опасна по живот, 88-годишниот папа Франциск се врати во јавноста. Папата ненајавено дојде на плоштадот нешто пред пладне на крајот од масовната прослава за Светата јубилејна година на Католичката црква. Франциск и мавна на толпата, а потоа накратко им се обрати.

На насобраните им кажа дека чувствува „Божји допир на утеха“.

„Среќна недела на сите“, рече Папата, зборувајќи со слаб глас додека примаше кислород низ малата цевка под носот.

ИЗДВОЕНИ