Папата предложи посетите на обновената катедрала Нотр Дам да бидат бесплатни

78
epa11762089 The facade of the Notre Dame de Paris cathedral, ahead of its official reopening ceremony, in Paris, France, 07 December 2024. The Notre Dame de Paris Cathedral reopens on 07 December after nearly six years of renovation work following its destruction by a fire on 15 April 2019. EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во пораката упатена до парискиот надбискуп Лоран Улрих побара „величественост кон идните посетители“ на обновената катедрала Нотр Дам во Париз и слободен влез во неа.

„Катедралата Нотр Дам наскоро повторно ќе биде посетена и ќе и се восхитуваат мноштво луѓе од различно потекло, вери, јазици и култури, многумина во потрага по апсолутот и смислата на животот“, напиша папата во пораката која беше прочитана вечерва на свеченото отворање на катедралата, која беше значително оштетена во големиот пожар на 15 април 2019 година.

Папата Франциск додаде дека знае оти вратите на катедралата ќе бидат ширум отворени за сите луѓе и дека сите ќе бидат пречекани како браќа и сестри.

Француската министерка за култура Рашида Дати неодамна предизвика контроверзии во јавноста, бидејќи предложи влезот во катедралата да биде платен. На нејзиниот предлог се спротивставила Париската епископија.

Папата не можеше да присуствува на свеченото отворање, но следната недела ќе го посети францускиот остров Корзика каде ќе се одржи конференција за религиозноста меѓу народот.

Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвори вратите вечерва, повеќе од пет и пол години по големиот пожар, во присуство на околу 40 шефови на држави и влади.

ИЗДВОЕНИ