Лекарите морале да го променат третманот за респираторната инфекција на папата Франциско поради „сложена клиничка слика“ и тој ќе остане во болница онолку долго колку што е потребно, објави Ватикан.
Резултатите од тестовите направени во последните денови и денеска покажаа полимикробна инфекција на респираторниот тракт, што доведе до нова промена во терапијата, се вели во кусото соопштение.
Полимикробните инфекции се оние предизвикани од различни комбинации на вируси, бактерии, габи или паразити.
Папата повеќе од една недела боледува од респираторна инфекција, а во петокот беше примен во римската болница „Гемели“.
Од почетокот на 2023 година, тој страда од повторливи респираторни инфекции и поврзани проблеми.