Папата испрати порака од болничкиот кревет

17

Папата испрати порака од болничкот кревет, посветувајќи ја на Украина, а по повод третата годишнина од отпочнувањето на војната. Тој напиша дека продолжува со лекувањето и дека лекарите во болницата Гемели ја имаат неговата целосна доверба.

„И одморот е дел од терапијата. Искрено им благодарам на лекарите и здравствените работници од оваа болница за грижата што ми ја покажуваат и посветеноста со која ја вршат својата услуга меѓу болните“, се вели во неговата порака. Утре ќе биде третата годишнина од големата војна против Украина – болна и срамна прилика за целото човештво. Додека ја повторувам мојата солидарност со напатениот украински народ, ве повикувам да се сеќавате на жртвите од сите вооружени конфликти и да се молиме за мир во Палестина, Израел и на целиот Блиски Исток, Мјанмар, Киву и Судан.

Последниве денови добив многу пораки со љубов, а особено ме трогнаа писмата и цртежите од децата. Ви благодарам што сте со мене и за молитвите за утеха што ги добив од целиот свет, гласи пораката на Папата, во која тој ги повикува сите да се молат за него!

Папата Франциско, беше примен во римската болница Гемели на 14-ти февруари, откако неколку дена имаше тешкотии со дишењето, а подоцна му беше дијагностицирана билатерална пневмонија. Ватикан во саботата за прв пат ја опиша неговата состојба како критична, известувајќи дека тој ден му бил потребен дополнителен кислород и трансфузија на крв.

ИЗДВОЕНИ