Папата го направи првиот чекор: Шпанскиот архитект Гауди е на пат да биде прогласен за светец

171
Фото:Википедија

Тоа е првиот чекор на патот некој да биде и формално канонизиран, односно католичката црква да го прогласи за светец.

Кардиналот на Барселона Хуан Хосе Омеља, оваа вест ја опиша како „радосна“.

„Тоа е признание не само на неговата работа во архитектурата, туку на нешто многу поважно. Порачува дека среде животните тешкотии, работата, болката, страдањата, можеме да бидеме предодредени да бидеме светци“, рече тој, пренесува агенцијата „Франс прес“.

Вообичаениот формален процес некој да биде прогласен за светец ја опфаќа постапката на беатификација.

Ова е најновиот развој во повеќедецениската кампања Гауди, кој бил длабоко побожен католик, да биде признаен за светец.

Таа категорија е резервирана за маченици, за оние за кои се смета дека живееле живот исполнет со херојски доблести, како и за кандидати за кои католичката црква тврди дека имаат репутација на свети.

Во случајот на Гауди, кој почина во 1926 година откако бил удрен од трамвај додека одел во црква, Ватикан најверојатно ќе бара доказ за чудо кое му се припушува по смртта да  може да се продолжи беатификацијата.

Гауди е роден во 1852 година,а многу негови најпознати дела и понатаму привлекува многу посетители во Барселона, каде што се наоѓаа и најголемиот дел од неговото наследство.

Базиликата Саграда фамилија се гради уште од 1883 година и уште не е завршена.

Вброена е во списокот на светско наследство на УНЕСКО, заедно со уште некои други дела на Гауди.

Папата Бенедикт Шеснаесетти ја освети во 2010 година.

ИЗДВОЕНИ