Поглаварот на рикоматоличката црква папата Франциск ја прифати денеска оставката на канадскиот бискуп Жан-Пјер Блеј чие име се појави во групна тужба поднесена против црквата за сексуални напади.
Папата ја наведе причината за прифаќање на оставката на Бискупот Блеј (75) од градот Бе Комо во франкофонската канадска провинција Квебек, а локалната полиција соопшти дека „оставката на бискупот не е поврзана со обвинувањата за секусуани напади“, објави агенциајата „Ројтерс“.
Папата Франциск веднаш го именува Пјер Шарланд (62), водечкиот канадски римокатолички францисканец, да го замени Блеј во Бе Комо, пренесува Танјуг.
Во соопштението на папата за смена на Блеј, се истакнува дека секој бискуп кој ќе наполни 75 години има обврска автоматски да поднесе оставка.
Ватикан претходно денеска соопшти дека папата Франциск ќе ја продолжи хоспитализацијата поради лошата крвна слика која покажала дека боледува од поликиробна инфекција на респираторниот тракт.