Во петок попладне, по мирното утро, папа Франциск, кој се лекува во римската болница Џемели, повторно имаше проблеми со дишењето. Папата доцна синоќа бил приклучен на респиратор за неинвазивна вентилација. Извори од Ватикан велат дека носи маска која му помага при дишењето и првпат му помага механичката вентилација. Папата Франциск во моментов не е интубиран, но има маска која му помага да дише.
Потребни се 24 до 48 часа за да се процени дали денешната криза предизвикала влошување на здравствената состојба на папата. Лекарите повторно се воздржани во прогнози и велат дека треба да поминат еден или два дена за да се види во кој правец ќе оди опоравувањето.
Поглаварот на Римокатоличката црква веќе 15 дена е во болница, најдолго до сега. Откажани се сите активности пред Велигден, а кардиналите ги преземаат должностите кои требаше да ги извршува папата.