Папата Франциск е погребан на затворена церемонија во базиликата „Санта Марија Маџоре“

352
Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Папата Франциск е погребан, потврди Ватикан.

Како што наведоа официјалните лица на Ватикан, затворената церемонија во базиликата „Санта Марија Маџоре“ траела околу половина час.

„Обредот на закопот е одржан според прописите Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, а го предводеше кардиналот чемберлен во присуство на лицата наведени во соодветното известување од Канцеларијата за литургиски прослави, како и членови на семејството на починатиот папа.

Церемонијата заврши во 13:30 часот по средноевропско време (12:30 часот по британско време)“, се вели во соопштението на Ватикан.

Ватикан со соопштението сподели и фотографии од погребот.

ИЗДВОЕНИ