Папата Франциск денеска за првпат излезе на платформата „ТикТок“ за да ја промовира својата автобиографија, која ја напиша заедно со новинарот Карло Муса.
Истиот видео клип, во кој папата му се заблагодарува на новинарот за трпението со кое ги слушаше неговите спомени, беше објавен и на други социјални мрежи како Фејсбук, пренесе агенцијата Анса.
Според извори блиски до папата, тој вечерва повторно ќе зборува за својата автобиографија во интервју за телевизијата Раи, пренесува Танјуг.