Папата Франциск: Пред три години, една жена планираше да се разнесе за време на мојата посета на Ирак

230

Папата Франциск рече дека бил цел на самоубиствен напад кога го посетил Ирак пред три години, што е прва посета на поглаварот на Римокатоличката црква на земјата и веројатно најризичното патување во последните 11 години откако стана папа.

Во извадок од неговата претстојна автобиографија објавена денеска, папата рече дека откако слетал во Багдад во март 2021 година, полицијата го информирала дека двајца познати бомбаши самоубијци планирале напад на еден од неговите закажани настани.

„Жена полна со експлозиви, млад камиказа, се упатила кон Мосул за да се разнесе за време на посетата на папата. Исто така, комбе тргнало со полна брзина со истата намера“, напишал Франциск, според извадокот од книгата објавен во италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.

Италијанската „Кориере дела сера“ објави извадоци од книгата со наслов: „Надеж: автобиографија“, напишана заедно со италијанскиот автор Карло Мусо.

Автобиографијата ќе биде објавена во повеќе од 80 земји следниот месец.

ИЗДВОЕНИ