Папата Франциск ја повика Римската епархија да обезбеди дом за бездомниците

15

Папата Франциск денеска испрати барање до Римската епархија да им обезбеди дом на бездомниците или на лицата кои се во опасност да станат бездомници, по повод католичкиот јубилеј 2025 година, односно посебната Света година на милосрдието за прошката на гревовите, пренесува Танјуг.

Тој ги повика сите епархиски ентитети кои поседуваат имот да помогнат во решавањето на станбената криза „со знаци на милосрдие и солидарност за да се создаде надеж за илјадници луѓе во градот Рим“, пренесува Анса.

Ова Папата им го кажа на парохиските свештеници и на верниците во писмото по повод јубилејот.

Од 2013 година, кога стана папа, Франциск се фокусира особено на ранливите и луѓето кои се соочуваат со сиромаштија, по примерот на Свети Франциск, по кого го избра своето папско име, според Анса.