Папа Франциск: Граѓаните на Рим не треба да фрлаат храна додека многу луѓе гладуваат

17
Денеска, на римскиот бискупски собир по повод нееднаквоста, папата Франциск изјави дека луѓето не би требало да ја фрлаат храната во италијанската престолнина кога многу луѓе гладуваат.
„Како да прифатиме дека во нашиот град се фрлаат тони храна, а истовремено постојат семејства кои немаат што да јадат“, праша тој, пренесе Анса.
Тој истакна дека тоа го гледа и во ресторанот во близина на Ватикан и додаде дека постојат илјадници празни преста, додека илјадници луѓе спијат на тротоарите, пренесува Танјуг.