Страшната повреда на Матијас Лесор го натера сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, да преземе нов чекор, а со тоа нов член на клубот стана Венјен Габриел, доскорешен играч на Макаби ТА. Од клубот ја потврдија информацијата преку социјалните мрежи.

Поранешниот центар на црно-белите се повреди на дуелот со Басконија и ја скрши потколеницата, оставајќи голема дупка во редовите на актуелниот бранител на титулата.

На почетокот на сезоната Габриел првпат дојде на Стариот Континент, но реално не доби некоја сериозна шанса во тимот од Тел Авив поради повеќето повреди.