Европскиот шампион Панатинаикос водеше од првата до последната секунда на дербито од 28. коло во Евролигата, за на крајот да слави со 85:70. Со овој триумф, грчкиот тим стигна до десеттата последователна победа, а 14. на последните 15 натпревари, сметајќи ги сите натпреварувања.
Во исто време, избраниците на тренерот Чус Матео го претрпеа четвртиот последователен пораз на гостински терен во Евролигата.
До победа во ова 28. коло дојдоа и Басконија над Жалгирис (66:65), Баерн против Црвена звeзда (100:82), како и Фенер на гости кај Милано (100:76).