EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Капитенот на кошаркарскиот клуб Партизан, Кевин Пантер, има сезона со безброј подеми и падови, а најголемите удари од обожавателите ги доживеа во финалето на АБА-лигата оваа сезона, против Црвена звезда.

На крајот од претходната сезона, Пантер потпиша нов, двегодишен договор со „црно-белите“, но не беше ни блиску до она што го одигра пред таа сезона.

Капитенот на „црно-белите“ моментално има договор со Партизан до летото 2025 година и се очекува да го предводи тимот на Жељко Обрадовиќ и следната сезона.

Познатиот американски спортски аналитичар, Рахим Палмер, јавно го пофали Кевин Пантер, велејќи дека би сакал да го види во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА.

На Пантер му се допадна твитот на Палмер и брзо го сподели на својот инстаграм- профил. Се чини дека Пантер влече кон НБА, а останува да видиме како ќе реагира Партизан по оваа негова одлука.