Паника во трговските центри: Дојави за бомби на Карабурма и во Панчево, во тек е итна евакуација

182

Непознато лице пријавило дека има бомба во трговскиот центар на Карабурма во Белград, а недолго потоа била пријавена уште една во ТЦ Биг во Панчево.

Денеска нешто пред 13 часот била пријавена бомба во Големиот трговски центар во Карабурма која предизвикала итна евакуација на посетителите и персоналот. Само неколку моменти подоцна, во Големиот трговски центар во Панчево стигна уште една дојава за бомба.

На местото на настанот се испратени надлежни екипи.