Паника во Романија: Неидентификуван објект влегол во воздушниот простор, подигнати борбени авиони

95

Романија ги подигна борбените авиони поради неидентификуван објект кој влегол во воздушниот простор на таа членка на НАТО. Како што соопшти романското Министерство за одбрана, радарските системи откриле мал летечки објект кој навлегол во воздушниот простор на југоисточната област Тулча, поради што веднаш биле ангажирани борбени авиони.

Министерството објави дека радарот најпрво го фатил сигналот во 21:04.

Беше испратено предупредување до жителите на округот да побараат засолниште и беше почната постапка за подигнување на борбените авиони, но радарот го загуби сигналот пет минути подоцна, се вели во соопштението.

„Нема информации за можен напад на цел на државна територија“, прецизира романското министерство.

Романија, членка на Европската унија и на НАТО, дели 650 километри граница со Украина и имаше повеќе случаи на фрагменти од беспилотни летала кои паднаа на нејзината територија во текот на изминатата година и половина, за време на руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура.