Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Лондон е блокирана поради „безбедносно предупредување“, објави денеска британски „Метро“. Очевидец рече дека слушнал „силен тресок“, за кој рече дека полицијата потврдила дека навистина се случило.
Пред американската амбасада во Лондон се забележани вооружени припадници на полицијата, како и на противпожарната служба.
United States embassy in lockdown due to security alert. Ponton Road and None Elms Lane closed to traffic and pedestrians. Armed police & fire service in attendance. #USEmbassy #London @USAinUK pic.twitter.com/6dTdEC01Tb
— Craig (@UKCraigP) November 22, 2024
Околните улици се затворени за сообраќај и пешаци, додека полицијата ги истражува причините за експлозијата.
Nine Elms lane closed ?bomb threat at London’s US Embassy. Lots of armed police, fire trucks etc pic.twitter.com/mf9LBfqPWc
— Bda (@DrBda24) November 22, 2024