ПАНИКА ВО ГРЦИЈА: На туристите им пристигна предупредување за опасност!/ФОТО

5817

„Цивилна заштита, Грција 9/3/2024. Опасни временски услови во регионот на Филијатес. Избегнувајте несуштински патувања. Бидете во подготвеност и следете ги упатствата за заштита“ – се наведува во пораката на Министерството за климатски кризи, што им е испратена на туристите кои летуваат во Грција.

Фото: Социјални мрежи

Регионот Филијатес, кој се наоѓа во северна Грција и се граничи со јужна Албанија, ќе биде под влијание на низок барометриски притисок што доаѓа од западна Европа.

Овој притисок најпрво ќе ја погоди Теспротија, каде властите веќе алармираа поради тешките временски услови.

Најавено е невреме

Во среда се очекува нестабилно време, соопшти Националната метеоролошка служба. Повеќе области ќе бидат зафатени со невреме, додека во другите области ќе биде сончево.

Попладне и навечер се очекуваат локални врнежи од дожд во Јонското Море и континенталните предели со повремено невреме.

Во вечерните часови повторно ќе се развие облачност во Јонското море што ќе доведе до локално невреме.

Температурата нема значително да се промени. На копното ќе достигне од 33 до 35 Целзиусови степени, додека во островскиот дел ќе биде меѓу 30 и 32 Целзиусови степени.