Паника на летот од Приштина за Хамбург, авионот принудно слетал откако птици се заглавиле во моторот

3024

Авион бил принуден да се врати на аеродромот во Приштина поради птици кои влегле во моторот на авионот. Леталото требаше да лета на релација Приштина-Хамбург вчера. Патниците доживеале страшен и опасен момент, пренесе КосоваПрес.

Еден од патниците, кој сакал да остане анонимен, изјавил за агенцијата дека полетале за Хамбург во 08:40 часот, но по 30 минути нешто тргнало наопаку.

„Бевме некаде над планините во Албанија, авионот почна да се тресе, мислев дека ќе паднеме и го стегнав појасот. По 30-минутно летање се вративме на аеродромот во Приштина“, рече патникот.

Причината биле две птици кои влегле во моторот на авионот.