Паника на „Итихад“ – Халанд си заминува од Манчестер Сити

3044
epa11870751 Erling Haaland of Manchester City gestures to supporters after the English Premier League match between Arsenal and Manchester City in London, Britain, 02 February 2025. EPA-EFE/DAVID CLIFF EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Сите знаат дека Ерлинг Халанд е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но ова не е ниту негова ниту сезона на Манчестер Сити. Имено, тимот од „Итихад“ игра многу лошо и јасно е дека ова ќе биде сезона во која нема да ја освојат ниту Премиер лигата ниту Лигата на шампионите.

Во ЛШ беа елиминирани во баражот од Реал (М), а тоа беше двомеч во кој имаше само еден тим, а тоа беше „кралскиот клуб“.

Од друга страна, во домашното првенство не се ни блиску до сето она што го одиграа во изминатите неколку години.

Ливерпул игра феноменално, а тука се и Арсенал, Нотингем Форест и Челзи кои се борат за преостанатите три места кои водат во ЛШ.

Јасно е дека Манчестер Сити на крајот би можел да остане без ЛШ за следната сезона, што би било голем удар за тимот предводен од Пеп Гвардиола.

Според новинарите на „Ел Национал“, доколку тоа се случи, Ерлинг Халанд ќе го напушти овој клуб и кариерата ќе ја продолжи на друго место.

Наводно, Халанд јасно му кажал на Гвардиола, но и на челниците на Манчестер Сити дека не сака да помине ниту една сезона без ЛШ.

Така, Ерлинг Халанд следното лето ќе бара нов клуб доколку Манчестер Сити на крајот од оваа сезона не освои место кое води во ЛШ следната сезона.

Неговата следна дестинација е Реал (М), кој оваа сезона го елиминира Манчестер Сити од ЛШ.

Ако Халанд пристигне во Реал (М), тогаш овој тим ќе го имаше најдобриот напад на светот.

На сите љубители на фудбалот им е познато дека Килијан Мбапе моментално е на врвот на нападот на Реал (М), а со евентуалното доаѓање на Халанд, Мбапе би можел да игра на позицијата лево крило.

Покрај Реал (М), голем интерес за Ерлинг Халанд покажува и францускиот гигант ПСЖ. Актуелниот договор на Халанд со Манчестер Сити е до летото 2034 година.

Иако не е официјално потврдено, поголемиот дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека и во новиот договор на норвешкиот интернационалец има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 200 мил. евра, но не е познато дали таквата клаузула ќе може да биде активирана за време на летниот преоден рок или ќе важи за 2026 година.

Сумата од 200 мил. евра не треба да преставува никаков проблем за актуелниот европски клупски шампион, а уште помал проблем е за челниците на ПСЖ кои само за потцетување, во 2017 година одвоија рекордни 222 мил. евра за обештетувањето на бразилскиот интернационалец Неимар.

 

ИЗДВОЕНИ