Фото: screenshot Instagram fishingingreece.gr

Необична сцена е снимена на грчкиот остров Хиос, поточно на плажата Агиа Хелени.

На видеото објавено на социјалните мрежи, може да се види големо морско чудовиште кое се движи со голема брзина во плиткото и многу личи на ајкула.

Во паника капачите и посетителите на оваа плажа брзо излегле од водата, но кога сфатиле дека всушност се работи за вид риба – туна, сите му пришле на животното и почнале да го снимаат.