Паника кај населението: Африканска чума во селото со најмногу свињи во Србија

50

Откако во саботата беше потврден случај на африканска свинска чума на фарма во Бадовинци и 125 грла беа еутанизирани по итна постапка, во ова село владее голем страв од ширење на вирусот.

Загриженоста е голема бидејќи сточарите од ова место и од цела Мачва се најголеми производители на свинско месо во Србија. Се проценува дека има повеќе од 100.000 свињи на регистрираните фарми и околу стотина мали и големи фарми во Бадовинци, а најмалку исто толку во другите села во Мачва.

– Ако вирусот се прошири, тоа би било еднакво на катастрофа. Само во нашето село со одгледување маторици, прасиња и гоење свињи се занимаваат околу 600 фарми, од кои стотина имаат по 500 и повеќе на фармите, а најголемите фармери имаат по неколку илјади гојачи – велат во селото.

Ветеринарите ги советуваат сточарите да постават бариери за дезинфекција и да дозволат влез во фармата само на оние кои го хранат добитокот и работат околу нив. Тие повторија дека облеката и обувките што се користат во плевните и фармите треба да се користат само таму и да не се носат кога одат на ниви, продавници или други домаќинства.