Обемот на работа од дома во Германија е на високо ниво неколку години по пандемијата на корона, иако е во благ пад во споредба со претходните години, објави Федералниот завод за статистика во Визбаден.
„Во 2023 година, 23,5 отсто од вработените работеле од дома целосно или делумно, што е мало намалување во споредба со претходните години“, се вели во соопштението на Федералното биро за статистика.
Конкретно е намален бројот на оние кои секојдневно работат дома. Во споредба со периодот пред пандемијата, уделот на вработени кои работат од дома е двојно зголемен.
Во март 2022 година заврши обврската на работодавачот да овозможи работа од дома, секогаш кога е можно да се усогласи со работните процеси.
Најголем процент од оние кои работат од дома е забележан во ИТ секторот, при што речиси 75 проценти од вработените работат од дома целосно или делумно. Сличен висок процент е забележан и во секторите администрација, осигурување и бизнис консалтинг.
Најмал процент е забележан во здравствениот сектор каде само 6,4 отсто од вработените повремено работеле од дома. Слично низок процент бележи и малопродажбата и градежништвото.
Работата од дома најмногу ја користеле помладите вработени од возрасната група од 25 до 44 години, што аналитичарите го поврзуваат со можноста за згрижување деца.