Панчо од ДНК е хоспитализиран во една од клиниките во КЦ „Мајка Тереза“ со изгореници на лицето, моментално е на кислородна поддршка

663

Од тимот на ДНК велат дека уште чекаат официјални информации за здравствената состојба на музичарите. Од семејството на музичарот  рекоа дека членовите на бендот меѓусебно не знаат кој е во каква состојба.

Според последните информации кои ги преснесе Јадранка Николовска, сестрата на Владимир Блажев, попознат како Панчо – еден од двајцата членови на дуото ДНК, тој во моментов се наоѓа на една од клиниките во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Таа во изјва за ТВ Канал 5 рече дека има само малку информации кои ѝ ги пренела сопругата на нејзиниот брат, и засега немала можност да го види. Колку што и самата знае, Панчо имал изгореници на лицето и раката, но не знае во колкав обем и од кој степен и вдишал чад при пожарот, па се наоѓа и на кислородна поддршка.

Што се однесува до останатите челенови, порталот СДК.мк пренесе дека дел во болница, дел на домашно лекување, според кажувања од семејството на еден музичарите и од тимот на групата.

Според информациите кои ги имаат досега, музичарите се однесени во болница, дел во Скопје, дел во Штип.

Еден од членовите на бендот е на домашно лекување во Скопје. Откако се случил пожарот, бил однесен во болницата во Кочани, каде што примил инјекција со кортикостероид, а потоа пријатели со автомобил го однеле дома во Скопје.

Од семејството на музичарот ни рекоа дека членовите на бендот меѓусебно не знаат кој е во каква состојба. Од тимот на ДНК велат дека уште чекаат официјални информации за здравствената состојба на музичарите.

ИЗДВОЕНИ