Сведоците на предлог на обвинителството полициски службеници потврдија дека Велибор Манев ги однел и им покажал каде го закопале Паче Жежовски. Еден од сведоците на барање на судијата го посочи во судницата односно го покажа со рака Велибор Манев дека тој ги однел до местото. Теренот кај местото викно Кула бил непристапен и тие околу 300 метри оделе пеш по каллив пат. Дупката била маскирана со гранки од дрвја. (П.А)