Кол Палмер се смета за еден од најдобрите играчи во Челзи уште од доаѓањето, па неговото заминување би било огромен удар. Сепак, според британските медиуми, Палмер се поврзува со сензационален трансфер кај лутиот ривал, Ливерпул.

Имено, овој фудбалер пристигна во Челзи од Манчестер сити за околу 50 милиони евра, а експлодираше кога доби шанса да игра. Минатата сезона тој постигна импресивни 25 гола на сите натпреварувања и освои голем број индивидуални награди, како и наградата за млад играч на сезоната во Премиер лигата. Сепак, во последно време не игра на своето ниво, а тоа може да се почувствува и во играта и во резултатите на Челзи.

И покрај малку послабата форма во последно време, Палмер се поврзува со сензационален трансфер ова лето, наводно е голема желба на челниците на Ливерпул.

 

ИЗДВОЕНИ