Палевски со контра аргументи на доказите на ОЈО

608

На прашања од својот бранител Јовица Страшевски, првообвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо е во обид да ги спротивстави своите докази со тие на ОЈО.  За снимките од куќата на Велибор Манев вели дека се осум месеци пред настаните и се со лажно време.

-Тоа видео е збир од видеоинсерти од повеќе настани, а не од еден. Манипулирано е со времето. Видеото е дадено како доказ по 21 рочиште. Јас на ова видео спротивставувам два доказа, видео од сејф сити на кое се гледа дека кангуто се наоѓа во центарот на Скопје, но ОЈО тврди дека е во Велес, рече во својот исказ Палевски кој тврди дека Велибор Манев во своја одбрана кажал дека се собирале две вечери, а на видеото од ОЈО се гледа дека станува збор за ноќ и ден.

Претходно повикувајќи се на докази од ОЈО Палевски рече дека помеѓу Велибор и Панче имало нешто повеќе од кавга за бекатон коцки.

-Дали го познаваш Жежовски? го праша неговиот адвокат. -Не, не знаев дека постои тој човек никогаш сум немал комуникација, од списите на истрагата научив многу за тој човек. Дознав дека помеѓу нив двајца, постоело повеќе од кавга за бекатон коцки, имало кривична пријава против Велибор од Панче и две преставки до Советот на СЈО против обвинителката од Велес Славица Темелковски за која Панче во преставките до СЈО тврдел дека Манев бил под заштита на ЈО Велес.

-Постоело многу повеќе од недоразбирање, овие докази говорат дека Панче се занимавал со Велибор 10 години, имало нетрпение и омраза меѓу двајцата. Освен нарушените односи меѓу нив случајно на место на настан на увид излегла и ја водела истрагата се до 6.12.2023 токму Славица Темелковски, кога случајот го предала на колегите од Скопје. Таа е истата која не била заинтересирана дека кај Видевски недостига пиштол зброевка, зборуваше Палевски во судницата.

ИЗДВОЕНИ